• среда, 27 ноември 2024

Национална вежба за подготвеност на институциите во случај на радиолошки и нуклеарни вонредни настани

Национална вежба за подготвеност на институциите во случај на радиолошки и нуклеарни вонредни настани
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - Дирекцијата за радијациона сигурност од денеска до 3 ноември со почеток во 9 часот во просториите на Клубот на пратеници во Скопје организира национална вежба со цел проверка на подготвеноста на институциите во земјата за одговор во случај на радиолошки и нуклеарни вонредни настани со користење на Софтверот за поддршка – JRODOS. Како што информираат од Дирекцијата, софтверот JRODOS се користи за симулирање на движењето на радиоактивни материјали во околината и за пресметување на дозите што ги прима населението при нуклеарна несреќа. Вежбата се одржува во рамки на проектот „Emergency Preparedness and Response in the Western Balkan Region“ во кој покрај нашата држава вклучени се Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. На отворањето ќе бидат присутни Бојан Томиќ, носител на проектот, директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност, директорот на Институтот за јавно здравје и директорот на Центарот за управување со кризи. ар/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан