• сабота, 23 ноември 2024

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност отвори прв Еразмус+ инфоцентар

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност отвори прв Еразмус+ инфоцентар

6 април 2024

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во четвртокот, 4 април 2024 година го официјално го отвори првиот Еразмус+ инфо центар во Битола. Овој креативен простор кој се наоѓа во централното градско подрачје на Битола или место како што битолчани го знаат “Кафе чао“, е наменет за сите млади но и генерално сите кои сакааат да се информираат за програмите или мрежите со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

“Оваа канцеларија ќе биде место за информирање и презентирање на можностите од програмите Еразмус+ и ЕСК, како и сите мрежи со кои управува Националната агенција и навистина ми претставува голема чест и задоволство што го отвораме овој прв Еразмус+ инфо центар во Битола. Се започна од една идеја која подоцна беше ставена во работна програма, па одобрена на седница на Влада на Република Северна Македонија ,а сега дојдовме и до денешното отворање со кое започнува оваа нова приказна. Овој простор ќе служи за дружење, едукација на младите, но и можност да творат и да ги искажат своите идеи. Просторот е отворен за сите кои се вклучени или сакаат да се вклучат во Еразмус+ програмата, која е една од најуспешните програми во Европската Унија. Сакам да се заблагодарам на сите битолчани, кои одлично не прифатија и ни помогнаа во изминатиов период”- истакна Ѓоргиевски во обраќањето кон присутните.

На отворањето присуствуваа многу млади лица од регионот, студенти, наставници, професори и претставници на дипломатскиот кор во земјава. Сите присутни имаа можност да ја проследат изложбата од одбрани дела на младата битолска уметница Јана Танчевска и да уживаат во класична музика за која беа одговорни учениците од музичкото училиште во Битола.

Овој Инфо центар ќе биде безбедно место за младите, за нивните идеи и креативност . Националната агенција за европски образовни програми и мобилност продолжува со континуираната промоција на европските вредности

и приоритети за поддршка на стручното образование, на инклузивно општество, на активности кои ја промовираат „зелената агенда“ и одржливост за постигнување на долгорочно одржливи цели.

 

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан