• четврток, 05 март 2026

Националистичката партија на Бангладеш победи на парламентарни избори

Националистичката партија на Бангладеш победи на парламентарни избори

Дака, 12 февруари 2026 (МИА) – Националистичката партија на Бангладеш (БНП) победи на денешните парламентарните избори освојувајќи 151 места во 300-члениот Парламент, покажуваат првичните резултати.

Додека главниот опонент на БНП, исламистичката партија Џамаат-е-Ислами (БЈИ) освои 42 места. Лидерот на БЈИ, Шафикур Рахман го призна поразот дури и пред да бидат објавени конечните резултати.

На изборите, што беа организирани по масовните протести предводени од Генерација Зет во 2024 година, учествуваа повеќе од 2.000 кандидати од најмалку 50 партии, а имаше и голем број независни кандидати.

БНП ја предводи Тарик Рахман, кој се смета за фаворит за премиерската функција. Тој е син на поранешната премиерка Халеда Зија и поранешниот претседател Зијаур Рахман.

Изборната платформа на БНП вклучува финансиска поддршка за сиромашните семејства, ограничување на мандатот од 10 години за премиерската функција, мерки за зајакнување на економијата преку привлекување странски инвестиции и сузбивање на корупцијата. ми/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан