• сабота, 23 ноември 2024

Научници работат за спас на белиот носорог од истребување

Научници работат за спас на белиот носорог од истребување
Рим, 19 август 2020 (МИА) - Меѓународен тим научници успешно изолираше јајце-клетки од двата преостанати претставници од северниот бел носорог. Сѐ тоа со цел да се спаси овој загрозен вид од изумирање. Научниците се надеваат дека со околу 10 примероци ќе може да создадат ембрион што ќе биде внесен во сурогат-мајка која треба да роди живи младенчиња. Овој научен проект беше значително забавен поради пандемијата на коронавирусот, но германско-чешкиот научен тим успеа да го заврши целиот процес без компликации. Јајце-клетките на женката северен бел носорог ќе бидат однесени во Италија, каде што оплодувањето ќе се изврши со замрзната сперма од сега веќе угинатиот машки бел носорог. Последниот примерок од северниот бел носорог угина во Судан во март 2018 година.  си/сд/

Остани поврзан