• вторник, 24 декември 2024

Натпреварувачка со оштетен вид го доби престижниот и редок „Златен гонг“ во „Америка има талент“ 

Натпреварувачка со оштетен вид го доби престижниот и редок „Златен гонг“ во „Америка има талент“ 

Лос Анџелес, 12 јуни 2023 (МИА) - Путри Аријани, натпреварувачка со оштетен вид во музичката емисија „Америка има талент“ со својот настап ги воодушеви судиите. На крајот, таа се пласираше директно во финалето.

Девојката се претстави со авторска песна, свирејќи на клавир. Членот на жирито, Сајмон Кауел потоа побара од натпреварувачката да изведе уште една песна. Таа ја избра „Sorry Seems To Be The Hardest“ од Елтон Џон, па токму од Сајмон, кого многумина го сметаат за најстрогиот музички критичар воопшто, таа го доби престижниот и редок „Златен гонг“ за огромна предност во натамошното натпреварување.

- Мислам дека сите го мислиме истото. Имаш 17 години, пишуваш песни, имаш неверојатен, јасен глас. Блескаш!, рече кусо Кауел.

Неговата колешка критичарка, Софија Вергара се надоврза дека сите присутни „полуделе“ по идната ѕвезда.

Индонезијката претходно учествуваше и во емисијата „Индонезија има талент“, во којашто и победи. Но, тогаш имала само осум години. Ова е прва посета на Путри на САД. Таа е слепа од бебе, но и покрај сите предизвици во животот, таа научила да свири пијано, гитара и флејта, а компонира и свои песни.  си/

Фото: Јутјуб.

Остани поврзан