• среда, 25 декември 2024

Натпреварот Аргентина - Саудиска Арабија најпосетен на Светското првенство во последните 28 години

Натпреварот Аргентина - Саудиска Арабија најпосетен на Светското првенство во последните 28 години
Лусаил, 23 ноември 2022 (МИА) - Натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2022 година помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија (1:2) привлече 88.012 гледачи на стадионот „Лусаил Иконик“, што го прави најпосетениот натпревар на Светското првенство во последните 28 години. Претходно повеќе гледачи присуствуваа на финалето на Светското првенство во 1994 година - 94.194 гледачи, а во него играа Бразил – Италија 0:0, на пенали 3:2, стадион Роуз Боул, Пасадена, Калифорнија, САД). Според официјалната веб-страница на организацискиот одбор на Светското првенство во 2022 година, капацитетот на стадионот Лусаил Иконик е 88.966 гледачи. зс/

Остани поврзан