НАТО спроведува вежба за нуклеарно одвраќање во северозападна Европа
- Во вежбата што почна на 17 октомври учествуваат и танкери и борбени авиони од четврта и петта генерација

Брисел, 26 октомври 2022 (МИА) - Десетици авиони од земји членки на НАТО учествуваат во годишната вежба за нуклеарно одвраќање „Steadfast Noon“ во северозападна Европа.
На НАТО вежбата се вклучени 14 земји и повеќе од 60 авиони од различни типови“, соопшти Воздухопловната команда на НАТО, пренесе Анадолија.
Вежбата, што ќе трае до 30 октомври, почна на 17 октомври и во неа учествуваат и танкери и борбени авиони од четвртата и петтата генерација.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на 13 октомври изјави дека долго планираната рутинска вежба обезбедува нуклеарните капацитети на Алијансата да останат безбедни, сигурни и ефикасни.
- Одвраќањето е начин да се спречи каков било напад на сојузниците на НАТО и да се зачува мирот, додаде Столтенберг. бд/сд/