• среда, 27 ноември 2024

НАТО конференција: Комуникаторите се клучни за успехот на Алијансата

НАТО конференција: Комуникаторите се клучни за успехот на Алијансата
Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - На отворањето на НАТО конференцијата за комуникатори што оваа година се одржува во Скопје командантот на Сојузничката команда за операции, генералот Кристофер Каволи денеска упати три предизвици до 300-те експерти кои ќе учествуваат на панел дискусиите посветени на стратегиските комуникации. - Прво искористете ја можноста за учење. Опкружени сте со високи лидери и експерти од цела нашата Алијанса. Поставувајте прашања, оспорувајте ги сопствените претпоставки и зборувајте за теми кои не се надвор од вашата секојдневна рутина. Има широк спектар на можности на овој настан, од комуникации за одвраќање до здружени ефекти и таргетирање до пристап до нашите влијанија врз информациската средина. Сите овие се клучни за оперативниот успех. Второ, кохезијата е основата на нашата Алијанса, затоа не ја пропуштајте можноста да изградите односи меѓу себе. Го предизвикувам секој од вас не само да се поврзе, туку да остане поврзан, нагласи Каволи. Трето, како што додаде, „спроведете го она што сте го научиле за да му помогнете на НАТО да биде посилен, поефективен и подобро разбран“. - Комуникаторите се клучни за успехот на нашите соодветни вооружени сили и нашата Алијанса. Заедно сме НАТО, рече Каволи. Командантот на Сојузничката команда за трансформација, генералот Филип Лавињ истакна дека на оваа конференција учествуваат најдобрите комуникациски експерти од 30-те членки на Алијансата. - Еве ги вистинските луѓе со вистинските вештини! Тие треба да ни овозможат колективно да го одржуваме нашето водство во инклузивно сложено безбедносно опкружување. Информациите се ресурсот што се користи и ќе се користи инклузивно за дестабилизација на нациите особено демократиите, кои се поизложени поради нивната отвореност, рече Лавињ. Тој посочи дека прво мора да разбереме и да се опремиме со вистинските алатки. - Видовме дека политичката стратегија на Путин има за цел да ја поткопа довербата, кохезијата преку искористување на нашата демократија. НАТО мора да ја изгради својата отпорност како Алијанса и да и помогне на секоја нација да изгради своја. Мораме да се погрижиме нашиот глас прв да се слушне. На отворањето на конференцијата се обрати и помошничката на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија Баиба Браже. Претходно, пред присутните се обратија и премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска. мс/вг/  

Остани поврзан