• сабота, 06 декември 2025

Наташа Котлар: Центар ќе биде функционално, зелено и модерно место за живот

Наташа Котлар: Центар ќе биде функционално, зелено и модерно место за живот
Скопје, 5 октомври 2021 (МИА) - Општина Центар е дом на сите нас, но и јадро кое привлекува посетители од сите скопски населби и околни градови, општина центар ги привлекува не само луѓето, но и компаниите претприемачите, малиот бизнис  инвестициите, а центарот треба да биде најубавото и најуреденото место за живот истакна Наташа Котлар кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Центар. Ние имаме јасна визија, јас и мојот тим имаме план со конкретни мерки и претставуваме силен потенцијал на луѓе, а заедно со вас граѓаните на Центар сме решени да ја преобразиме нашата општина во функционално зелено, пријатно, модерно место за живот, нека општина Центар стане пример за најубава општина во државата, рече Котлар. Таа додаде дека програмата предвидува повеќе од 20 пректи од кои формирање на иновативен парк за младите, стопирање на изградбата на нови станови за домување, подготовка на студија за пронаоѓање на причинителите за загадувањето, субвенции за енергетско ефикасни фасади на индивидуални згради, куќи, проект на сива кон зелена општина, изградба на современи гаражи, како и други кои сеоднесуваат  на спортот и културата, а особено на младите. - Оваа кампања не ја водиме за само да учествуваме на изборите, туку со учеството да внесиме револуционерни промени, а тие промени ни се потребни за да ги резултираме нашите прекоти, порача Котлар. На митингот кој се одржа во општина Центар се обрати и Трајко Славески, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, кој пред граѓаните истакна дека на Скопје му се потребни проекти и создавање на нова иднина, ветувајќи дека Скопје ќе биде град со ред во сообраќајот, безбеден и ефикасен еколошки јавен превоз, како и град со нови можности за младите. - Ние скопјани повеќе не сакаме Скопје да биде валкано, замирисано, загадено, уништено. Не сакаме Скопје да биде во застој, уништено во духот. Ајде сите заедно да победиме за да создадеме нова иднина за нашето Скопје, рече Славески. свс/сп/

Остани поврзан