• петок, 26 јули 2024

На Табановце за излез од државата се чека еден час

На Табановце за излез од државата се чека еден час
Скопје, 28 август 2021 (МИА) - На граничниот премин Табановце за излез од државата се чека еден час, додека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. бт/мч/

Остани поврзан