На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу 30 минути
- Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Табановце“, времето на чекање за влез и излез од

Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Табановце“, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат попладнево од АМСМ.
Оттаму со препорака до учесниците во сообраќајот за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/мд/