• вторник, 24 декември 2024

Наследникот на „Нинтендо свич“ се очекува догодина

Наследникот на „Нинтендо свич“ се очекува догодина

Токио, 8 мај 2024 (МИА) - Јапонската компанија за видеоигри „Нинтендо“, поточно претседателот Шунтаро Фурукава вети официјална најава за новата конзола пред март 2025 година. Сепак, новиот уред нема да се дискутира на информативниот настан „Нинтендо дајрект“ (Nintendo Switch) што ќе се одржи следниот месец.

„Минаа повеќе од девет години откако го објавивме 'Нинтендо свич' во март 2015 година. Настанот „Дајрект“ ќе се сосредоточи на софтверот 'Нинтендо свич' за втората половина на 2024 година, но нема да се зборуваме за наследникот на 'Свич' за време на таа презентација. Информациите за новата конзола се очекуваат во оваа фискална година“, напиша Фурукава на „X".

Според гласините, тн. „Свич 2“, како што неофицијално го нарекуваат обожавателите, веројатно би можел да се појави напоредно на претстојната игра „Pokemon Legends: Z-A“.

Пирс Хардинг-Ролс, шеф во одделот за истражување нови игри во компанијата, за Би-би-си изјави дека некои од купувачите бараат „помоќан“ џебен уред. Сепак, „Нинтендо“ не брза со нова конзола, а не се очекуваат ниту драматични промени или големи новости.

- Од 2021. до 2023 година, Нинтендо продаде 60 милиони „Свич“ конзоли ширум светот, што значи оперативна заработка од повеќе од 10 милијарди долари. Судејќи според успехот на „Свич“, очекуваме новиот уред да има сличен облик и „да го продолжи наследството“ на оригиналниот производ, рече Хардинг-Ролс.

Се очекува новата конзола да се појави на пазарот во првата половина на 2025 година. Обожавателите, вели одговорниот, ќе знаат нешто за тоа до крајот на оваа фискална година. си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан