Народниот правобранител ќе го презентира извештајот за состојбите во затворите и психијатриските болници
- Народниот правобранител Насер Зибери денеска ќе го презентира извештајот на Народниот правобранител- Национален превентивен механизам (НПМ) за 2022 година.

Скопје, 26 јуни 2023 (МИА) - Народниот правобранител Насер Зибери денеска ќе го презентира извештајот за состојбите во затворите и психијатриските болници во 2022 година.
Станува збор за извештај насловен Национален превентивен механизам (НПМ) за 2022 година. Презентацијата ќе се одржи во просториите на Народниот правобранител. ир/бак/
Фото: МИА архива