• среда, 25 декември 2024

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 52. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 52. сесија на Клубот на истражувачите

Скопје, 4 септември 2024

 

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 52. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 26 септември 2024 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 18 септември 2024 година (среда).

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Кабинет на гувернерот

Фото: Народна банка на РСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан