• вторник, 24 декември 2024

Народен правобранител: Знаковниот јазик е богат и комплексен јазик кој ја одразува културата и идентитетот на заедницата која има проблеми со слухот

Народен правобранител:  Знаковниот јазик  е богат и комплексен јазик кој ја одразува културата и идентитетот на заедницата која има проблеми со слухот

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - Народниот правобранител, на овој ден - 23 Септември, кога се одбележува Меѓународниот ден на знаковниот јазик ја истакнува важноста на знаковниот јазик како основно средство за комуникација на лицата со оштетен слух, при што потсетува дека знаковниот јазик не е само алтернативен начин на комуникација, туку тоа е богат и комплексен јазик кој ја одразува културата и идентитетот на заедницата која има проблеми со слухот.

- Овој ден е важен за подигање на свеста за правата на лицата со оштетувања на слухот и служи за поддршка на различноста во комуникацијата, а со крајна цел промоција на инклузијата на лицата со попреченост, се наведува во соопштението од Канцеларијата на народниот правобранител.

Според Народниот правобранител признавањето на знаковниот јазик како природно и основно средство за комуникацијата, е клучно за унапредување на инклузијата и еднаквоста во општеството на лицата со оштетен слух, а поддршката за неговото изучување и користење е важен чекор кон создавање општество во кое се почитува различноста и се вреднуваат лингвистичките и културолошките права на оваа заедница. дма/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан