• петок, 08 ноември 2024

Направена првата селекција за наградата „Роман на годината“, избрани 19 романи

Направена првата селекција за наградата „Роман на годината“, избрани 19 романи

Скопје, 18 февруари 2024 (МИА) - Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Влада Урошевиќ (претседател), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), ја направи првата селекција од пристигнатите 36 наслови, избирајќи 19 романи.

Жири-комисијата има обрска да го соопшти наградениот роман најдоцна до 15 март.

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура на Република Северна Македонија, годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и париќен износ од 150.000 денари.

Во продолжение листата на избраните 19 романи:

1. „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“

2. „Ѕиркачи“, Даниела Андоновска – Трајковска, МИ-АН

3. „Мина“, Игор Анѓелков, „Или Или“

4. „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“

5. „Есента во животот на професорот по марксизам“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“

6. „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или Или“

7. „Илина и шумските тролови“, Хана Корнети, „Или Или“

8. „Гени, мени, сени: (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“

9. „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“

10. „Последната мисла во универзумот.Апокалипса“, Валентин Нешовски, „Антолог“

11. „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“

12. „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или Или“

13. „Излегувањето од сенка: тајното женско училиште“, Дијана Петрова, „Антолог“

14. „Издигнување“, Игор Раиден „Темплум“

15. „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“

16. „Полиглот“, Игор Станојоски, „Муза“

17. „Бела Сама“, Виолета Танчева - Златева, „Три“

18. „Туѓинци и браќа“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

19. „Succubus“, Катерина Шошко, „Антолог“.свс/ев/

ФОТО: Фондација „Славко Јаневски“

Остани поврзан