• среда, 21 август 2024

Наполи ќе го ангажира напаѓачот на Бенфика, Нерес за 28 милиони евра

Наполи ќе го ангажира напаѓачот на Бенфика, Нерес за 28 милиони евра

Неапол, 21 август 2024 (МИА) - Наполи се договорил за трансферот на напаѓачот на Бенфика, Давид Нерес, објави новинарот Николо Шира.

За 27-годишниот Бразилец италијанскиот клуб ќе плати 28 милиони евра. Се очекува Наполи денес да се официјализира трансферот.

Нерес за Бенфика игра од јули 2022 година. Во сезоната 2023/24, тој постигна пет гола и направи 10 асистенции на 35 натпревари.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 25 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан