• четврток, 22 мај 2025

Наполи, најверојатно, до крајот на сезоната без Нереш

Наполи, најверојатно, до крајот на сезоната без Нереш


Неапол, 23 април 2025 (МИА) – Претендентот за шампионската титула во италијанското првенство Наполи, најверојатно, до крајот на сезоната ќе биде без услугите на 28-годишниот Бразилец Давид Нереш, поради повреда на мускулот на левата нога.
Клубот официјално не објави колку време ќе отсуствува Нереш, но италијанските медиуми пишуваат дека Бразилецот речиси сигурно ќе отсуствува до крајот на актуелната сезона, во која Наполи се бори со Интер за титулата во Серија А. На пет кола до крајот на првенството и двете екипи се изедначени на врвот на табелата со по 71 бод.
Нереш сезонава одигра 25 натпревари во дресот на Наполи постигна два гола. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан