Наполи му го позајми Ланг на Галатасарај
- Турскиот гигант Галатасарај објави денеска дека постигнал договор со италијанскиот првак Наполи да го донесе во своите редови холандскиот фудбалер на позајмица до крајот на сезоната.
Истанбул, 24 јануари 2026 (МИА) – Турскиот гигант Галатасарај објави денеска дека постигнал договор со италијанскиот првак Наполи да го донесе во своите редови холандскиот фудбалер на позајмица до крајот на сезоната.
Турскиот клуб ќе му плати два милиони евра обесштетување на Наполи.
Ланг има годишна плата од 1,75 милиони евра, која во периодот од јануари до јуни ќе ја покрие турскиот клуб.
Ланг, кој има 15 настапи за холандската репрезентација, му се приклучи на Наполи минатата година од ПСВ Ајндховен и за италијанскиот клуб одигра 27 натпревари.
Галатасарај е лидер во турската Суперлига со 43 бодови, еден повеќе од градскиот ривал Фенербахче на второто место.ег
ФОТО: ЕПА