• понеделник, 23 декември 2024

Наполи го отпушти Мацари, Калцона го презеде тимот

Наполи го отпушти Мацари, Калцона го презеде тимот

Неапол, 20 февруари 2024 (МИА) - Италијанскиот фудбалски стручњак Валтер Мацари ја напушти функцијата тренер на Наполи, објавено е на официјалниот сајт на клубот.

Франческо Калцона, кој работи за репрезентацијата на Словачка, е назначен за нов тренер на „наполитанците“.

- Му благодарам на Валтер Мацари, пријател на Наполи и на семејството Де Лаурентис, за поддршката на тимот во овој тежок момент. Тој ќе остане во срцата на наполитанците, изјави претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис за клупскиот сајт.

Шеесет и двегодишниот Мацари го водеше тимот од Неапол од 2023 година. Во моментов Наполи се наоѓа на 9. место во поредокот во Серија А со 36 бодови во 24 кола.

Утре Наполи ќе игра против Барселона во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан