Наполи бара банкарски гаранции од Галатасарај за Осимен
- Галатасарај се согласи да плати 75 милиони евра за нигерискиот напаѓач Виктор Осимен (26), но договорот сè уште не е склучен бидејќи Наполи бара банкарски гаранции од турскиот првак дека ќе може да ја плати целата сума, јавија денеска италијанските медиуми.
Неапол, 9 јули 2025 (МИА) – Галатасарај се согласи да плати 75 милиони евра за нигерискиот напаѓач Виктор Осимен (26), но договорот сè уште не е склучен бидејќи Наполи бара банкарски гаранции од турскиот првак дека ќе може да ја плати целата сума, јавија денеска италијанските медиуми.
Првичната понуда на Галатасарај беше 60 милиони евра, но Наполи ја отфрли. Сепак, во вторникот, потпретседателот на истанбулскиот клуб Абдула Кавукџу пристигна во Италија и се согласи да ги плати бараните 75 милиони евра.
Наполи сега очекува Галатасарај да презентира банкарски гаранции и план за плаќање.
Осимен треба да потпише четиригодишен договор со турскиот клуб и д, заработува 16 милиони евра по сезона.
Осимен во 2020 година дојде од Лил во Наполи, а минатата сезона ја мина на позајмица во Галатасарај каде постигна 37 голови и имаше осум асистенции на 41 натпревари за турскиот клуб. ег
ФОТО: ЕПА