• петок, 08 ноември 2024

Напаѓач со автомобил удрил во контролен пункт во централен Израел, повредени четворица полицајци

Напаѓач со автомобил удрил во контролен пункт во централен Израел, повредени четворица полицајци

Тел Авив, 4 април 2024 (МИА) - Најмалку четворица израелски полицајци се повредени во напад во централен Израел, кога возило удрило во полициски контролен пункт.

Според полицијата, 26-годишен маж со своето возило удрил во барикада во Кочав Јаир, град до окупираниот Западен Брег, североисточно од Тел Авив.

Тој продолжил до преминот Елијаху, каде се обидел со нож да нападне полицајци, кои потоа го убиле. ссм/

фото: архива/илустрација

 

Остани поврзан