• сабота, 23 ноември 2024

Напаѓачот на Универзитетот Невада имал 150 куршуми и подолг список со лица за ликвидација

Напаѓачот на Универзитетот Невада имал 150 куршуми и подолг список со лица за ликвидација

Лас Вегас, 8 декември 2023 (МИА) - Ентони Полито, 67-годишниот напаѓач кој уби тројца професори, а четвртиот го рани со огнено оружје во Универзитетот Невада, Лас Вегас, имал список на цели и повеќе од 150 куршуми, соопшти полицијата.

Шерифот на округот Кларк, Кевин Мекмахил, рече дека Полито, кој беше убиен во престрелка со полицијата, бил долгогодишен професор по бизнис кој живеел во блискиот град Хендерсон, Невада.

Ранетиот 38-годишен визитинг професор вчера беше хоспитализиран и се уште е во опасна по живот состојба, рече Мекмахил.

Шерифот на прес-конференција рече дека иследниците сè уште го истражуваат мотивот за нападот, но истакна дека Полито аплицирал за неколку работни места на различни колеџи и универзитети во Невада и секој пат бил одбиен.

Сепак, Универзитетот за медицински науки Роузман во Хендерсон посочи дека Полито бил договорен да предава два курса во програмата за бизнис администрација од октомври 2018 до јуни 2022 година и потоа не предавал во институцијата.

Мекмахил рече лицата на неговиот список за ликвидација вклучувале членови на факултет на Универзитетот Источна Каролина во Северна Каролина, каде што Полито бил професор на бизнис школата на универзитетот од 2001 до 2017 година.

„Ниту еден од лицата на листата со цели не стана жртва“, рече Мекмахил.

Пред пукањето, Полито испратил и 22 писма до универзитетски професори низ САД, според снимката што ја прегледале детективите од камерата во автомобилот на Полито, рече Мекмахил.

Полито го изврши нападот во средата со пиштол од девет милиметри што го купил легално минатата година, рече Мекмахил. Властите вчера соопштија дека Полито, се чини, дека имал финансиски тешкотии. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан