• понеделник, 23 декември 2024

Напаѓачот на синагогата во Питсбург прогласен за виновен за злосторства од омраза

Напаѓачот на синагогата во Питсбург прогласен за виновен за злосторства од омраза

Питсбург, 16 јуни 2023 (МИА) - Поротата на Окружниот суд на САД во градот Питсбург го прогласи Роберт Боуерс за виновен за повеќе злосторства од омраза, по убиството на 11 верници во синагога во Питсбург во 2018 година, најсмртоносниот антисемитски напад во американската историја.

Педесетгодишниот Боуерс сега ја чека пресудата, а 12 поротници ќе одлучат дали тој ја заслужува смртната казна.

Федералното обвинителство го обвини Боуерс по 63 точки од обвинението, вклучително и 11 точки бидејќи го спречувал слободното изразување религиска волја, што резултираше со смрт на верници. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан