• четврток, 02 јануари 2025

Нападот во Магдебург поврзан со психичко нарушување на осомничениот, соопшти германска министерка

Нападот во Магдебург поврзан со психичко нарушување на осомничениот, соопшти германска министерка

Берлин, 30 декември 2024 (МИА) - Осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Магдебург покажувал знаци на психички нарушувања, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер.

На 20 декември, 50-годишен лекар со саудиско потекло влета со автомобил во толпа, при што загинаа пет лица, а над 200 беа повредени. Министерството соопшти дека осомничениот, познат по антиисламски ставови, не се вклопува во досегашните безбедносни профили.

Фезер додаде дека властите треба подобро да следат лица со психолошки проблеми и склоност кон конспиративни теории.

Опозицијата ја критикуваше владата за пропусти во следењето на осомничениот, но Министерството оцени дека трагедијата не можела да се избегне. ссм/

фото: архива

Остани поврзан