• четврток, 07 ноември 2024

Нападнат трговски брод во Црвеното Море, постои сомневање дека зад нападот стојат Хутите

Нападнат трговски брод во Црвеното Море, постои сомневање дека зад нападот стојат Хутите

Сана, 10 октомври 2024 (МИА) - Во Црвеното Море денеска е нападнат трговски брод, а постои сомневање дека нападот го извршиле јеменските бунтовници Хути. Нападот дополнително ја зголеми загриженоста за поморската безбедност во тој клучен правец за глобалната трговија.

Според Центарот за поморски трговски операции на Обединетото Кралство, брод што пловел покрај брегот на источна Африка бил оштетен откако бил погоден од проектил, но во нападот нема повредени и немало пожар.

Потоа, најмалку два проектили паднаа во близина на бродот, кој се наоѓаше недалеку од Ходеида, пристаниште контролирано од Хутите. мс/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан