Нани се врати во турскиот фудбал
- Поранешниот португалски репрезентативец и долгогодишен фудбалер на Манчестер јунајтед, Нани, е нов играч на Адана, потврди синоќа турскиот клуб.

Адана, 14 јули 2023 (МИА) – Поранешниот португалски репрезентативец и долгогодишен фудбалер на Манчестер јунајтед, Нани, е нов играч на Адана, потврди синоќа турскиот клуб.
Нани минатата сезона настапуваше за австралискиот прволигаш Мелбурн, а со Адана потпиша двегодишен договор.
Португалецот се враќа во турското првенство во кое го носеше дресот на Фенербахче во сезоната 2015/16.
Најдобрите години во својата кариера Нани ги мина како фудбалер на Манчестер јунајтед со кој освои четири шампионски титули во Премиер лигата, како и трофејот во Лигата на шампиони во 2018 година.
Репрезентативната кариера ја заврши со 112 настапи за Португалија со која го освои и Европското првенство во 2015. ег/паг/
ФОТО: Фејсбук