• понеделник, 23 декември 2024

Наместо традиционален Божикен ручек, поради пандемијата, подарени се пакети за преку 500 деца во земјава

Наместо традиционален Божикен ручек, поради пандемијата, подарени се пакети за преку 500 деца во земјава
Прилеп, 5 јануари 2022 (МИА) - Втора година по ред, поради мерките за заштита од корона вирусот со што е попречено присуството на децата на Божикниот ручек, невладината Детска амбасада за сите деца во светот не го организира традиционалниот Божикен ручек за децата од нашава земја. Како што соопштуваат од организацијата, остануваат нивните активности да внесат радост во детските срца и да предизвикаат детска насмевка. Од организацијата, наместо заеднички Божикен ручек, кој традиционално се одржуваше на Божик на 7 јануари во Прилеп, и годинава  испратија пакетчиња и оброк во домовите на повеќе од 500 деца. -Целта и значењето на овој настан се мотив за посветеноста за единството на децата, сплотени под едно небо, без никакви разлики по верска, етничка, јазична, или која било друга определба на децата, информираат од невладината Детска амбасада за сите деца во светот. Традицијата за организирање Божикен ручек за децата од земјава е по 16-ти пат, а вторпат со дарување пакетчиња и подароци, наместо заеднички ручек, поради пандемијата. Сепак, Детската амбасада за сите деца во светот, на Божик, во прилепскиот хотел „Кристал Палас“ каде се одржуваа Божикните ручеци, ќе организира прес-конференција за да ги упатат пораките за детска среќа, мир и благосостојба.ем/вј/    

Остани поврзан