• недела, 23 февруари 2025

Намалена испорака на топлинска енергија кај потрошувачите на ЕСМ Снабдување поради зголемени загуби на вода

Намалена испорака на топлинска енергија кај потрошувачите на ЕСМ Снабдување поради зголемени загуби на вода

Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - АД ЕСМ Снабдување информира дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа кај дел од потрошувачите ќе има намалена испорака на топлинска енергија.

- Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите, стои во информацијата од ЕСМ Снабдување.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100. бак/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан