• вторник, 26 ноември 2024

Намален бројот на невработени во САД кои бараат државна помош

Намален бројот на невработени во САД кои бараат државна помош
Вашингтон, 3 септември 2020 (МИА) - Бројот на Американци кои минатата недела аплицираа за бенефиции за невработеност падна повеќе од очекуваното. Министерството за труд на САД соопшти дека во неделата, заклучно со 29 август, според сезонски прилагодените податоци, за првпат 881.000 Американци побарале државна помош, за разлика од нешто повеќе од 1 милион пред една недела, пренесува Си-Ен-Би-Си. Економистите анкетирани од компанијата „Дау Џонс“предвидоа дека вкупно 950.000 луѓе ќе аплицираат за државна помош. Податоците подобри од предвидувањата ги рефлектираат подобрувањата на пазарот на трудот во САД, како и промените во методологијата за обработка на податоци на Министерството за труд во однос на сезонските фактори. „Околностите поврзани со коронавирусот веројатно доведоа до преголем број барања за надоместоци за невработеност за време на пандемијата“, наведува Си-Ен-Би-Си. паг/

Остани поврзан