• понеделник, 23 декември 2024

Наковска – Бикова го заврши настапот на Параолимписките игри

Наковска – Бикова го заврши настапот на Параолимписките игри

 

Париз, 4 септември 2024 (МИА) – Единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Париз, Оливера Наковска – Бикова, го заврши денеска настапот појавувајќи се на стрелиштето во дисциплината пиштол слободен избор од 50 метри во мешани двојки.

Во конкуренција на 29 учесници во машка и женска конкуренција, Наковска – Бикова го освои 17 место.

Македонската параолимпијка постигна резултат од 526 кругови што на крајот се покажа недоволно за пласман меѓу првите осум и место во финалето.

Претходно на Параолимписките игри во Париз, Наковска – Бикова, која го освои златниот медал на Игрите во 2012, настапи во финалните серии со пиштол од 10 м во женска конкуренција и во финалето со пиштол од 25 м мешано, освојувајќи го во двата наврати осмото место. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан