• понеделник, 23 декември 2024

Наковска-Бикова освои злато на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет

Наковска-Бикова освои злато на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет

Ал Аин, 14 ноември 2022 (МИА) – Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова оствари фантастичен настап на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет во Ал Аин и го освои златниот медал во дисциплината пиштол – слободен избор 25 метри.

Наковска Бикова во квалификациите на Светското првенство, што се одржува во Обединетите Арапски Емирати, со испукани 538 кругови го постигна најдобриот резултат во својата кариера и како второрангирана се пласираше во финалето.

Предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиновски, во мошне квалитетно и драматично финале, Наковска-Бикова по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и успеа да ја одржи до последниот куршум.

Со овој триумф, Наковска Никова ги комплетираше златните медали од сите големи натпреварување - Европско првенство, Светско првенство и Параолимписки игри, а два пати во кариерата поставуваше и светски рекорд. ег/бак/

Остани поврзан