Наинголан ќе го пропушти мечот со Сасуоло поради повреда
- Играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан нема да може да учествува во натпреварот од 9. коло на италијанскиот шампионат против Сасуоло, соопштува прес-службата на „нероаѕурите“.

Милано, 28 ноември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан нема да може да учествува во натпреварот од 9. коло на италијанскиот шампионат против Сасуоло, соопштува прес-службата на „нероаѕурите“.
Триесет и двегодишниот Белгиец се здоби со повреда на мускул на десната нога.
Сезонава Наинголан одигра пет натпревари за Интер и нема постигнато гол. зс/