• сабота, 27 јули 2024

Наинголан се повреди, неизвесен за првиот натпревар на Каљари по паузата

Наинголан се повреди, неизвесен за првиот натпревар на Каљари по паузата
Каљари, 10 јуни 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Каљари, Раџа Наинголан се повреди за време на тренингот на тимот, соопшти прес-службата на клубот. Триесет и двегодишниот Белгиец, поминувајќи ја сезоната во Каљари на позајмица од Интер, заработи оштетување на мускулите. Фудбалерот ризикува да го пропушти првиот натпревар по продолжението на шампионатот Италија-2019/20 против Верона, што е закажан за 20 јуни. Во сезоната 2019/20, Наинголан има пет голови и шест асистенции на 24 натпревари за Каљари. зс/  

Остани поврзан