• сабота, 27 јули 2024

Наинголан сака да се врати во Рома

Наинголан сака да се врати во Рома
Рим, 26 април 2020 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Каљари, Раџа Наинголан, изнајмен од Интер, би сакал да се врати во Рома. - Не сакам да ги навредувам навивачите на Интер, но тажно ми беше што ја напуштив Рома, рече Наингголан во живо на Инстаграм. - Што се однесува до тоа дали ќе се вратам кај Римјаните - ако условите се соодветни, ќе се вратам. Поминав прекрасни години во Рим. Ова е клуб кој ме сака и на кој дадов сè. Во Рома сè беше толку природно за мене што ми недостасува сè. Ајде да видиме, вратата е секогаш отворена, додаде 31-годишниот белгиски фудбалер. Во тековната сезона, Наинголан настапи на 24 натпревари на сите турнири, во кои постигна пет гола и оствари шест асистенции. зс/

Остани поврзан