• сабота, 23 ноември 2024

Над 90 проценти од домаќинствата користат вода од водовод, а над 12 илјади флаширана

Над 90 проценти од домаќинствата користат вода од водовод, а над 12 илјади флаширана
Скопје, 27 јули 2022 (МИА) - Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење над 91 процент користат вода од јавен водовод, додека над 12 илјади или над два проценит од домаќинствата користат флаширана вода за пиење, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика. Од вкупно 598 632 домаќинства, најголемиот дел или 547 114 имаат вода во станот со приклучок од јавен водовод, 1 674 имаат чешма во дворот приклучена на јавен водовод, 567 имаат вода од улична чешма со вода од јавен водовод. Околу шест проценти од домаќинствата во земјава користат вода од посебен извор. Најголемиот дел од нив 24 229 имаат вода во станот со приклучок на сопствен хидрофор, 4 830 користат вода од копан бунар, 4 720 вода од улична чешма со вода од посебен извор, 1 835 имаат вода од дупчен (цевчест) бунар, додека 510 користат вода од цистерна без филтер, а 311 вода од цистерна со филтер. аа/ац/

Остани поврзан