Над 500 посетители на изложбата на Кардула во Крушево
- Повеќе од 500 посетители ја проследија синоќешната изложба на Зоран Кардула на споменикот Илинден што е во рамките на манифестацијата „Десет дена Kрушевска Република“.

Крушево, 5 август 2022 (МИА) - Повеќе од 500 посетители ја проследија синоќешната изложба на Зоран Кардула на споменикот Илинден што е во рамките на манифестацијата „Десет дена Kрушевска Република“.
Изложбата, инспирирана од познатиот филмски серијал „Стар ворс“ (Star Wars) и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден, ја отвори Владимир Конески, професор на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје.
По отворањето на изложбата посетителите проследија извонреден ди-џеј перформанс на Томи Бојаџи. Изложбата ќе биде отворена 20 дена.
Денеска на програмата на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ е влашката вечер од 21 часот на летната сцена зад музејот на НОБ на Гумење.ем/хс/

