• сабота, 06 декември 2025

Над 50.000 починати од Ковид-19 во домовите за стари лица во САД

Над 50.000 починати од Ковид-19 во домовите за стари лица во САД
Вашингтон, 16 јуни 2020 (МИА) - Бројот на смртни случаи од коронавирус во домовите за стари и изнемоштени лица во САД изнесува 50.919 лица, пишува „Волстрит џурнал“. Според весникот, во домовите за стари лица во САД се регистрирани повеќе од 250.000 заразени со Ковид-19, како меѓу штитениците, така и меѓу персоналот. Ако овие податоци се споредат со вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во САД, кој е околу 116.000, тоа значи дека повеќе од 40 проценти од жртвите од заразата се регистрирани во домови и центри за долготрајна нега на стари и изнемоштени лица, се наведува во текстот на весникот. Медиумот тврди дека реалниот број на починати во центрите за долготрајна нега веројатно е поголем, бидејќи податоците би можеле да се добијат со задоцнување, а исто така постојат и разлики во размената на информациите меѓу одредени држави. гт/

Остани поврзан