• среда, 25 декември 2024

Над 200 мигранти спасени кај островите во Егејското Море, еден е пронајден мртов

Над 200 мигранти спасени кај островите во Егејското Море, еден е пронајден мртов

Атина, 5 септември 2023 (МИА) - Грчката крајбрежна стража спаси 201 мигрант кај егејските острови Родос, Фармакониси, Хиос, Самос и Лезбос во последните два дена.

-Беше пронајдено и тело на маж кој загина додека се обидуваше да стигне до малиот остров Фармакониси, соопшти денеска крајбрежната стража, додавајќи дека сите мигранти дошле од Турција.

Бројот на мигранти кои нерегуларно влегуваат во Грција од Турција во последно време нагло се зголеми. Според грчкото Министерство за миграција, од 3 септември 9.137 луѓе живееле во кампови за азил на островите Лезбос, Хиос, Самос, Лерос и Кос.

Според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), бројот на бегалци во Грција е зголемен оваа година во споредба со минатата година. Според извештајот, 18.594 лица пристигнале во Грција од Турција по копно или по море до 31 август, речиси колку и во цела мината година кога нередовно влегле 18.700 лица. мс/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан