• сабота, 23 ноември 2024

Над седумдесет кумановци ќе имаат оброк преку програмата на општината за поддршка на ранливи категории граѓани

Над седумдесет кумановци ќе имаат оброк преку програмата на општината за поддршка на ранливи категории граѓани

Куманово, 5 јули 2024 (МИА) - Над седумдесет кумановци од денеска имаат оброк обезбеден преку програма за социјална заштита на општина Куманово, информираа денеска надлежните од секторот за социјална заштита. Проектот „Народна кујна“ почна да функционира во и 73 граѓани добиваат оброк во просториите на ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“. За услугата конкурирале двеста лица, но дел од нив немале документација.

-Станува збор за пакети со храна, која лицата само ќе ја подигаат од ученичкиот дом, а проектот општината го спроведува во соработка со Центарот за социјална работа. Од Центарот за социјална работа ни даваат информации за сите тие луѓе кои веќе поднесуваат барања за јавна кујна, тие веќе имаат резервна листа, ни даваат информации за ранливите категории за да можат да остварат и право на еден оброк, изјави раководителот на секторот за социјална заштита, Александар Крстевски.

Од секторот велат дека до нив пристигнале двесте барања, но дел од нив ја немале потребната документација. Службите од овој сектор ќе се ангажираат да ја обезбедат за да им помгнат на најсиромашните граѓани.

– Сега им помагаме за да влезат во процесот за добивање на мерката помош за јавна кујна. Моментално имаме 73 корисници со чиста документација. Храната можат да ја земат во ученичкиот дом од 10 до 12 часот. Веќе е разговарано со сите тие лица, дадени им се насоки како тоа ќе се спроведува, така да чинителите се веќе во тек, рече Крстевски.

Во следниот период ќе се разгледува можноста да се поедностави процесот и правната рамка за аплицирање. ам/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан