• среда, 25 декември 2024

Над илјада граѓани го посетија Собранието од почетокот на 2024 година

Над илјада граѓани го посетија Собранието од почетокот на 2024 година

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Над 1. 000 граѓани го посетија Собранието од почетокот на 2024 година, користејќи ја можноста преку организираните обиколки одблизу да ги видат знаменитостите во собраниската зграда и да се информираат за активностите на законодавната власт.

Како што информира собраниската прес-служба, според евиденцијата на Парламентарниот институт, во првите два месеца од годината се реализирани вкупно 27 обиколки низ Собранието. Имало вкупно 1. 159 посетители, во најголем број ученици и наставници од основните и средните училишта од целата држава.

Посетителите имаат можност да се запознаат со функционирањето и организацијата на законодавниот дом, да ги разгледаат најрепрезентативните простории и сали, да научат за историјата на македонскиот парламентаризам и за законодавниот процес.

Обиколките ги спроведуваат професионални водичи на македонски, албански и на англиски јазик и тие се бесплатни за сите посетители.

Сите кои се заинтересирани да бидат дел од организираните обиколки на законодавниот дом може да се јават на телефонскиот број 02/3182-227 или да поднесат барање на електронската пошта на parl.inst.@sobranie.mk  мд/нд/

Фото: Собрание на Северна Македонија 

Остани поврзан