Над еден милион гледачи на Ју Ес 2024
- Повеќе од еден милион навивачи поминаа низ вратите на Националниот тениски центар Били Џин Кинг во Њујорк во текот на три недели за време на квалификациите и главната фаза на Ју Ес Опен, што е рекорд во долгата историја на грен – слем турнирот во Њујорк, објави денеска американската Тениска асоцијација (УСТА).

Њујорк, 9 септември 2024 (МИА) – Повеќе од еден милион навивачи поминаа низ вратите на Националниот тениски центар Били Џин Кинг во Њујорк во текот на три недели за време на квалификациите и главната фаза на Ју Ес Опен, што е рекорд во долгата историја на грен – слем турнирот во Њујорк, објави денеска американската Тениска асоцијација (УСТА).
Рекордните 1.048.669 продадени влезници претставуваат раст од 8 проценти во однос на 2023 година и вклучуваат рекордни 832.640 посетители во текот на двете недели од главните натпревари.
Завршниот грен – слем турнир во оваа сезона заврши синоќа со триумф на светскиот рекет број 1, Јаник Синер.
Италијанецот во финалето триумфираше над американскиот тенисер Тејлор Фриц (12. АТП) со 3-0 во сетови.
Ден претходно, титулата во женска конкуренција ја освои Белорусинката Атина Сабаленка. ег ФОТО: Фејсбук