• вторник, 24 декември 2024

Надминувања на бучава има на крстосниците во Куманово

Надминувања на бучава има на крстосниците во Куманово

Куманово, 11 август 2023 (МИА) - Последните мерења на стручните од Центарот за јавно здравје и општина Куманово, извршени во јуни годинава, покажуваат надминувања на граничните вредности на бучавата. Според податоците на Центарот за јавно здравје, најбучно е кај кружниот тек кај локалитет Серава, на крстосницата во близина на ургентниот центар, кај „Уред“, во близина на „Соколанскиот парк“, кај крстосницата на реонскиот пазар на „Октомвриска револуција“. Мерењата се извршени на вкупно десет локации, пред сè крстосници во поширокото градско подрачје.

И годишниот извештај за квалитетот на животната средина за 2022 година, кој го објави Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) покажа дека кумановци, лани постојано биле изложени на бучава која ги надминува граничните вредности. Според податоците, најбучно е во поширокото централно градско подрачје. По објавувањето на извештајот, и повикот на општината да пријават бучава до секторот за инспекциски надзор пристигнале над десетина пријави за зголемена бучава, која најмногу се однесувала за музика по 23 часот. Дел од пријавите била за бучава предизвикана од нарушување на јавен ред и мир кои се под ингеренции на СВР Куманово. Од инспекцијата најавија вонредни надзори за угостителските објекти.

Лекарите предупредуваат дека бучавата предизвикува негативни здравствени ефекти. Ефектите, можат да бидат акутни или хронични во зависност од видот, временската изложеност, а најзагрозени се повозрасните лица и децата, кои освен вознемиреност, пројавуваат нарушување на сонот, кардиоваскуларни ефекти, пречки во говорната комуникација. ам/ир

Фото: МИА и ФБ Максим Димитриевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан