Надминат е проблемот со картичките на „VISA“ и „MasterCard“
- Надминат е проблемот поврзан со картичките на VISA и MasterCard, соопшти попладнево Македонската банкарска асоцијација. - Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за трпението и разбирањето, стои во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Надминат е проблемот поврзан со картичките на VISA и MasterCard, соопшти попладнево Македонската банкарска асоцијација.
- Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за трпението и разбирањето, стои во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.
Оттаму денеска информираа дека дел од услугите поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија, но дека средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали. Причината за проблемот, како што информираа, не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. бак/
Фото: МИА архива