Над карбинското село Радање гори борова шума и сува трева
- Гори борова шума и сува трева на пет километри од карбинското село Радање. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се десет пожарникари со две противпожарни возила.

Штип, 25 март 2022 (МИА) - Гори борова шума и сува трева на пет километри од карбинското село Радање. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се десет пожарникари со две противпожарни возила.
- Станува збор за поголема површина која е зафатена, во тек е гаснењето на пожарот од страна на пожарникарите, вели Коцев.
Пожарот е пријавен од страна на месното население пред еден час и е над селото Радање под планината Плачковица. вдј/мс/