• четврток, 26 декември 2024

Нада Трајкова e нов в.д директор на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа во Велес

Нада Трајкова e нов в.д директор на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа во Велес

Велес, 16 октомври 2024 (МИА) - НадаТрајкова, дипломиран социјален работник е новата в.д директорка на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа од Велес. Таа доаѓа на оваа функција со одлука од министерот Фатмир Лимани од 8 октомври годинава. Претходно е разрешена досегашната директорка Азиза Џини, која раководеше со оваа установа во периодот од 2011 до 2024 година.

Инаку, Нада Трајкова дипломиран социјален работник во ЈУ Меѓуопштински центар во Велес работи веќе 25 години,а во периодот од 2009 до 2011 година во три наврати по 6 месечни мандати била  вршител на должност в.д директор на оваа јавна установа.

-Ќе продолжам со континуитетот на извршување на задачите пред мене во оваа јавна установа се да функционира беспрекорно, најави в.д диреторката Трајкова. ад/сст/

фото фејсбук профил на Центар за социјални работи Велес

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан