• вторник, 24 декември 2024

Надал: Сезоната 2020 е практично изгубена

Надал: Сезоната 2020 е практично изгубена
Манакор, 6 мај 2020 (МИА) - Рафаел Надал, вториот тенисер во светот, смета дека оваа сезона е „практично изгубена“ поради пандемијата од коронавирус. - Ако ми дадете документ во кој пишува дека сезоната ќе започне нормално во јануари 2021 година, би го потпишал без размислување. Има многу лични и економски интереси, спортот се движи, но тоа ќе не чини да се вратиме во нормала, изјави Надал за шпанскиот канал „ABC“. Истиот играч во својата колумна за „Ел Паис“ додаде: „Сезоната 2020 е практично изгубена. Се надевам дека ќе започне следната година“. Надал тренира на тенискиот терен во куќата на неговиот пријател уште од понеделник, по дозволата на шпанските власти спортистите да се вратат на тренинзите. - Се надевам дека ќе играме што е можно поскоро. Патуваме секоја недела од земја до земја, сите сме во контакт со различни хотели, аеродроми ... Имам чувство, и го велам тоа со тага и не криејќи, дека губиме една година од животот, а тоа е на 33 или 34 години многу повредно отколку кога имате 20 години, рече тој. Надал изрази сомнеж за новиот календар за натпревари, бидејќи бројните турнири беа откажани и одложени поради пандемијата. „Ролан Гарос“ беше преместен за есен (27 септември - 11 октомври), една недела по завршувањето на Ју Ес Опен (31 август - 13 септември). - Искрено, не мислам дека тоа ќе се случи. Од Ју Ес Опен до Роланд Гарос, има само една недела ... Мислам дека не можеме да играме - рече освојувачот на рекордни 12 трофеи на Ролан Гарос, кој требаше да се одржи од 24 мај до 7 јуни.

Тагови

Остани поврзан