• петок, 20 декември 2024

Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот

Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот

Мадрид, 18 ноември 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за неговото расположение за последната фаза од Дејвис купот. Тој истакна дека е подготвен да даде се од себе за да му помогне на шпанскиот тим да го освои турнирот.

- Ако бидам на теренот, очекувам да ги контролирам емоциите. Не сум тука за да се повлечам, туку да му помогнам на тимот. Ова е мојата последна недела на екипното натпреварување, а најважно е да му помогнам на тимот. Емоциите ќе дојдат на крајот, но пред тоа ќе бидам фокусиран на она што треба да се направи. Ќе дадам 100 проценти оваа недела, изјави Надал за „Marca“.

Шпанецот на 10 октомври објави дека се пензионира. Дејвис купот ќе биде последниот турнир за 38-годишниот тенисер.

Претстојниот викенд, Шпанија ќе се соочи со Холандија во четвртфиналето на Дејвси купот.

Надал е 22-кратен Грен слем шампион во сингл и двократен олимписки шампион. Со репрезентацијата на Шпанија четири пати го освојуваше Дејвис купот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан