Надал заврши во топ 10 на голф турнир
- Само неколку недели откако ја обезбеди својата 20-та Гренд-слем титула, израмнувајќи се со Роџер Федерер по 13-тата победа на Ролан Гарос, Матадорот учествуваше во силна трка со уште 60 играч

Мајорка, 26 октомври 2020 (МИА) - Рафаел Надал викендот го замени својот рекет со голф палки и заврши меѓу најдобрите десет на „Балеарскиот шампионат за голф“ во Мајорка.
Само неколку недели откако ја обезбеди својата 20-та Гренд-слем титула, израмнувајќи се со Роџер Федерер по 13-тата победа на Ролан Гарос, Матадорот учествуваше во силна трка со уште 60 играчи - 23 професионални играчи и 37 аматери.
Шпанецот го заврши натпреварувањето, кое се одвиваше во текот на три дена, на шестото место.