Награди за 30 жени менаџери по повод 30-годишниот јубилеј на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“
- - На јубилејната манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2026“ ќе бидат наградени 30 жени менаџери за долгогодишно, континуирано, успешно менаџирање и траен придонес кон македонската економија. Лауреатките се избрани по неколку критериуми, меѓу кои успешно менаџирање најмалку 10 години во приватен сектор, успешна компанија во континуитет од целата држава и од разни дејности и сектори. Сите менаџерки се препорачани од нивните деловни колеги и партнери за нивното извонредно менаџирање и професионалност, информира „Марили“.
Скопје, 20 април 2026 (МИА) - Агенцијата „Марили“ годинава, јубилејно, 30-ти пат, ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјата на манифестацијата што ќе се одржи задутре во Скопје.
- На јубилејната манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2026“ ќе бидат наградени 30 жени менаџери за долгогодишно, континуирано, успешно менаџирање и траен придонес кон македонската економија. Лауреатките се избрани по неколку критериуми, меѓу кои успешно менаџирање најмалку 10 години во приватен сектор, успешна компанија во континуитет од целата држава и од разни дејности и сектори. Сите менаџерки се препорачани од нивните деловни колеги и партнери за нивното извонредно менаџирање и професионалност - информира „Марили“.
Сите лауреатки ќе добијат награда - статуетка „Жена водилка“ излеана во бронза, авторско дело на академскиот вајар, проф. д-р Никола Смилков.
На манифестацијата, менаџерките, гостите од државните институции и реалниот сектор, како и гостите од дипломатијата, покрај свеченото прогласување, ќе имаат можност да слушнат музичкa изведбa на младата виолончелистка Ада Богоевска и на младата пијанистка Ана Манчева. Камерното дуо е под менторство на проф. Даница Стојанова.
Присутните ќе имат можност и да погледнат изведба на балетска точка на ученици од петто одделение од основниот балетски оддел при Државниот музичко балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“, од класата на проф. Слаѓана Спасеновска. Настанот, традиционално, со нејзините исклучително лирични најави, ќе го води водителката Ели Танасковска.
- Манифестацијата со години претставува јакнење на женското менаџерство претприемашво и лидерство и дава општествен придонес во јакнењето на родовата рамноправност и принципот еднакви можности за сите. Освен манифестацијата, 30-годишен јубилеј одбележува и „Бизнис-каталогот на Р. Македонија“, кој веќе е излезен од печат. Воведниот дел годинава е посветен на 35 години независна современа македонска држава, а во внатрешниот дел изобилуваат многубројни интервјуа со жените менаџерки што ќе бидат прогласени, интервјуа со министри, претставници од бизнис-коморите, уметници, глумци, музичари и др. - информира агенцијата „Марили“.
Во продолжение список со годинешните лауреатки:
1. Даниела Адемоска - сопственичка и извршна директорка,
DoubleTree by Hilton, Скопје
2. М-р Јаглика Јорданова-Андријеска - управувачки партнер,
„РСМ МАКЕДОНИЈА“, Скопје
3. Александра Шкемби-Антовска - генерална директорка,
„СИГАЛ ЛАЈФ ИНШУРЕНС ГРУП“ Македонија
4. Филомена Пљаковска-Аспровска - главна извршна директорка,
„Интернационален картичен систем АД Скопје“ - CASYS
5. Наташа Паунова-Блажевска, сопственичка и генерална менаџерка,
„Л&Н&Т дијагностик“ ДОО, Скопје
6. М-р Ѓулај Салиевска-Гештаковска, управителка и генерална менаџерка,
„Кондево МК ДООЕЛ“ Штип
7. Д-р Жанина Петрова-Граиќ, хирург, офталмолог, косопственичка и менаџерка,
ПЗУ Центар за очи „Визија“, Скопје
8. Мелита Гугуловска, генерална директорка,
„Сава осигурување“ АД Скопје
9. Д-р Горица Дачевска, дерматовенеролог, сопственичка и генерална менаџерка
ПЗУ „Д-р Горица“, Скопје
10. Доц. д-р Тања Дејаноска - претседателка на Комората на приватното здравство на Македонија, сопственичка и генерална менаџерка на
Dental International - Prof. dr. Dejanoski, Скопје
11. М-р Дафинка Ивановска, адвокатка, рубинов директор во „Тианде“ и извршна менаџерка во „Ревитал козметикс“, Скопје
12. М-р Ирена Јакимова, сопственичка и менаџерка во
„Инспирит коучинг“, Скопје
13. Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на
Стопанската комора на Северна Македонија
14. М-р Ангела Јолакоска, косопственичка и генерална менаџерка во
„АСП консалтинг“, Охрид, и финансов менаџер во АСП ПАК Охрид
15. Билјана Караманолевска, сопственичка и генерална менаџерка,
„Светот на Колорес“, Скопје
16. Ленче Карпузовска, менаџерка во одделот за комуникации,
„ЕВН Македонија“
17. М-р Марија Костуранова, сопственичка и генерална менаџерка,
„Диоптра оптикс“, Скопје
18. Биљана Мишиќ, извршна директорка,
ИУТЕ Македонија
19. Васка Мојсовска, сопственичка и генерална менаџерка
„Агро калем“, Тимјаник, Неготино
20. Елена Пандева, сопственичка и генерална менаџерка
„ЕЛЕНА ЛУКА ГРУПAЦИЈА“, Скопје
21. М-р Марија Патриклиска, менаџер во одделот за човечки ресурси,
ЕАМ ДОО, Штип
22. Даниела Перканоска, сопственичка и генерелна менаџерка,
„Авто контрол - сервис“ Прилеп
23. Анета Антова-Пешева, почесен конзул на Канада во Македонија, сопственичка и генерална менаџерка, Групација на компании „Ултра-унет“, Скопје
24. Весна Ставрова, претседателка на Фармацевтската комора, сопственичка и генерална менаџерка, ПЗУ аптека „Сара фарм“, Скопје
25. М-р Татјана Стерјева, спец. фармацевт, сопственичка и генерална менаџерка, „Еурофарм“ , Битола
26. Д-р Василка Салевска-Трајкова, менаџер за корпоративни прашања,
„Филип морис - Тутунски комбинат Прилеп“, ДОО Скопје
27. Викторија Шотароска-Трајкова, генерална директорка на
П.И.К. ко Македонија
28. Елида Трајковска, косопственичка и генерална менаџерка
„Хауз мајстор фасилити“, Скопје
29. М-р Златица Цивкароски - член на управен одбор,
Шпаркасе банка АД Скопје
30. М-р Ксенија Чаминска, сопственичка и генерална менаџерка,
„Професионал акаунт“, Скопје
лв/вј/
Фото: „Марили“